Села: Заев ги добива потписите, но не значи и поддршката за Влада

by Fokus

Парламентарните партии на Албанците дебатираа за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите, изјави по денешната средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села.

– Ќе се формира заедничко тело на парламентарните партии на Албанците кое ќе работи на Законот за употреба на Албанскиот јазик и на преговорите. Разговорите во иднина ќе се одвиваат во Собранието.Парламентарните партии ќе треба во рок од три дена да предложат членови на тоа тело кое ќе работи на Правилник за преговори и ќе подготват драфт верзија на законот заупотреба на Албански јазик кој ќе ги задоволи потребите на Албанците – рече Села.

Села изјави дека дека ставовите се јасни дека потписи за мандат на Заев ќе ги дадат, но тоа не значи и поддршка за Влада.

 

Поврзани новости