БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на декларацијата

by Fokus 16:31
16:31

Движењето Беса не учествува на средбата на лидерите на партиите на Албанците и остануваат на ставот дека ја поддржуваат Декларацијата и ќе гласаат за неа во Собранието, но нема да учествуваат на состаноците.

– По големиот интерес од медимите за тоа дали Движење БЕСА ќе учествува или не на состанокот кој ќе се одржи во Скопје, ја известуваме јавноста дека не гледаме никаква обврска да учествуваме во состаноци кои не се во духот на Заедничката Декларација на Албанските Парти во Македонија, за нас ова е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија – се наведува во нивното соопштение.

На средбата присуствуваат Зијадин Села, претседател на Движењето за реформи ДПА, Гзим Острени, претседател на Унитети, Весел Мемеди од Нациолната демократска преродба, претседателот на ДУИ Али Ахмети и шефот на неговиот кабинет Артан Груби.

 

 

Поврзани новости