Трајанов: Ахмети мора да ја почитува определбата на граѓаните и да подржи Влада на промени

by Fokus 17:48
17:48

Над 612.000 граѓани се определија за промени и затоа Али Ахмети мора да ја почитува определбата на граѓаните и без било какви условувања да подржи Влада на промени, истакна Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз.

– Во интерес на граѓаните и националните интереси е да се формира Влада на Република Македонија која ќе започне со промени и реформи. Во најкус рок да се избере претседател на Собранието и да се одржат локалните избори во предвидениот рок- мај месец – рече Трајанов.

 

Поврзани новости