Зијадин Села, претседателот на Алијанса за Албанците, запратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи не вели нека нема глас од него, ниту се појавил, туку само пишал на Фејсбук.
-Не можам да кажам дали е безбеден или не е. Самиот факт дека денеска се зборува за пратеник кој е претставник на народот, а немаме физичко присуство или во Собрание или каде било да два изјава мислам дека тие што се сметаат себе си за хумани луѓе треба да речат пред да зборуваме за Влада да видиме дали е безбеден човекот. Сите тие кои аплаудираат на ваквиот развој на настаните, мислам дека ништо хумано кај нив нема. Моето очекување е дека пратениците треба да одлучат според своја волја, да не бидат уценети, ако има уцени, не можам со сигурност да го кажам ова. Еве да прашам јас, дали вие немате никакво сомнение што се случува, во моментов кога имаме само една Фејсбук-изјава и не гледаме некој да се изјасни за тоа со физичко присуство. Во моментов е најважно сите, па и господинот Реџепи да биде безбеден, порача Села.
Тој вели дека во секој момент до полноќ може да продолжи собраниската седница за недоверба на Владата кога ќе се создадат услови за тоа.