458
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ја префрла вината кај ДУИ за тоа што вчера не им беше овозможено на пратениците во Собранието да се произнесат за барањето од Кривичниот суд да му биде симнат имунитетот на Трајко Вељаноски.
„Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начини, денес „наводно„ под изговор дека нема услови спречи да му се одземе имунитетот на Трајко Вељаноски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељаноски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?
П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка“, напиша Села на Фејсбук.