Гвардиола се изедначи со Мурињо

by fokus

Манчестер сити го победи Челзи во финалето од Лига купот на Англија со 4:3 на пенали. За тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола ова беше 25. трофеј во неговата кариера.

Шпанецот има четири трофеи со Манчестер сити, седум со Баерн Минхен и 14 со Барселона.

Според бројот на освоените трофеи, Шпанецот се изедначи со португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо.

Од активните тренери, третото место на листата со најмногу трофеи го зазема предводникот на Наполи, Карло Анчелоти кој има вкупно 20.

Поврзани новости