Села пред сопартијците во Струга: Ќе останам политички активен

by Фокус

Зијадин Села, кој се повлече од лидерската позиција на Алијанса за Албанците по неуспехот на изборите во Тетово,  денеска пред членовите на неговиот матичен комитет во Струга порача дека неговата политичка активност не завршува.

-Јас нема да се откажам од идеалот на кој ја изградивме нашата политичка партија, затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите членови и активисти на Алијанса за Албанците од Струга до Липково да застанат зад новиот извршител на должноста како нов претседател на АА којшто ќе се избира следната недела. Додека јас, ветувам дека силно ќе ја зголемам мојата политичка активност и со сите мои капацитети ќе се борам Алијанса за Албанците да се појави како прв политички субјект на политичката сцена во РСМ – рече Села.

Поврзани новости