Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на општина Тетово. Села вели дека резултатите не биле очекувани и поради тоа е подготвен да преземе одговорност.
-Од овој момент преземам одговорност и давам неотповиклива оставка од претседател на партијата. Во периодот кој следува највисокиот орган на партијата после два Конгреси и Централното собрание треба да заседава и да одлучи во врска со тоа кој ќе биде вршител на должност на претседател на партијата – рече Села.
Тој додаде дека не е демократски тој да кажува кој да биде следниот претседател на Алијанса за Албанците, но посочи дека партијата треба да се погрижи да ги санкционира сите членови кои работеле против партијата и ја саботирале.
-Јас стојам на зборот дека Тетово не е само една општина и само еден град, туку повеќе од тоа – истакна Села.