Украински националисти или кругови во Москва – кој стои зад атентатот на ќерката на Дугин?

by Фокус

Филозофот Александар Дугин изјавил дека тој и неговата почината ќерка Дарија неодамна добивале закани од украинските националисти, но тие не им придавале никакво значење, пишува Комсомољскаја Правда, повикувајќи се на извори во безбедносните власти. Според соговорниците на весникот, истражителите го испрашувале Дугин.

„Дугинови го напуштија фестивалот со различни автомобили. Таткото го возел автомобилот зад својата ќерка. Експлозијата на кривината од автопатот Звенигородски кон Можајскоје се случи пред негови очи“, рече изворот.

Експлозивната направа на автомобилот во кој беше убиена новинарката и политиколог Дарија Дугина била поставена покрај цевката за гас под возачот. Поставени се околу 350 грама ТНТ, а веројатно е дека уредот бил активиран од далечина, со повик.

Дарија Дугина загина во експлозија на автомобил на автопатот Можаи во московскиот регион во саботата вечерта, на 20 август. Пријавено е дека таа се враќала од фестивалот Традиција со автомобил во кој првично требало да се вози нејзиниот татко Александар Дугин. Инспекторите покренаа кривична постапка за убиството на Дугина.

И британскиот аналитичар Марк Галеоти го искоментира убиството на ќерката на Дугин, кој важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Според него, овој напад зборува за растечка нестабилност во самата Русија.

– Од една страна, може да се каже дека Украинците имаат најмногу причини да го презираат Дугин, кој ја поддржуваше војната. Но, од друга страна, ова не е мала работа. Човек треба да биде способен за да изведе вакво убиство во срцето на Русија, која е прилично безбедносна држава, а потоа да ги изнесе од земјата сите оние кои биле вклучени во тоа, без да остават никакви траги. Се сомневам дека Украина би го избрала Дугин ако треба да извршат атентат во Москва – објасни аналитичарот.

Поврзани новости