432
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на средбата со албанските политичари во САД обелодени дека останале со двајца пратеници, додека третиот пратеник преминал во ДУИ.
– Никогаш не направив коалиција со ДУИ, но проблемот беше дека не можеше да се формира парламентарно мнозинство без нас. Ние имавме три пратеници, сега имаме две, бидејќи едниот отиде во ДУИ – рече Села.
Алијансата за Албанците имаше три пратеници, Зијадин Села, Сурија Рушити и Весел Мемеди.