Села го обвини Заев за поразот во Струга

by Fokus

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, не ги признава резултатите од вториот круг на локалните избори во Струга. За неуспехот на изборите тој го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Села рече дека Заев ја зголемил поделбата меѓу двете етнички заедници во Струга. Во оние гласачки места каде е мнозунство албанското население тој рече дека водел пред неговиот противкандидат од ДУИ со два спрема еден.

Села додаде дека изборите биле нерегуларни но дека доказите од изборни прекршувања не може да ги достави до институциите затоа што се узурпирани. На Ахмети му порача дека ќе се видат на парламентарните избори.

Поврзани новости