По 21-годишно владеење, ВМРО-ДПМНЕ падна во Гази Баба, Георгиевски нов градоначалник

by Fokus

Борче Георгиевски е новиот градоначалник на скопската општина Гази Баба, кој води со 2.000 гласови пред неговиот противкандидат Тони Трајковски.

– Благодарам до сите граѓани на Гази Баба, имаме над 2.000 гласови пред нашиот противкандидатот. По 21 година, митот е срушен, ВМРО-ДПМНЕ падна во оваа скопска општина.  Веднаш почнуваме со работа. Мојот тим е спремен. Првите и елементарни работи треба да се направат, а тоа е чиста вода – истакна новиот градоначалник.

Поврзани новости