Протест за социјална правда на лицата со попреченост

by fokus

Од Владата до Собранието, Коалицијата „Менуваме“ со протестен марш изрази револт за, како што велат, неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

-Дел од од нашите барања се веднаш сега, Владата додатокот што ни следува од 7.100 да се покачи на 12.000 денари. И во следните две години истиот додаток за попреченост да ја достигне минималната плата во државата. Бараме изедначување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистените на лицата со попреченост – рече претседателот на Коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.

Тој додаде дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала и на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови, кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.

-Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни – рече Алиша.

Тој посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а оттаму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат, додека не исклучуваат ниту блокади на сообраќајни коловози и автопатишта.

-Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп – нагласи Алиша.

Поврзани новости