Села: Да има амнестија и за настаните во Куманово и за се друго политички монтирано

by fokus

Во вечерашното издание на дебатниот магазин Click Plus на ТВ 21, Зијадин Села рече дека како партија би побарале поширока амнестија.

„Ќе инсистираме да се амнестираат сите монтирани политички процеси во последните 10 години. Да има амнестија за настаните во Куманово и се друго што мислиме дека е политички монтиран процес“, изјави Зијадин Села за ТВ 21.

Села потенцираше дека амнестијата не може да го опфати само црниот четврток, доколку не се случи амнестија ќе го бојкотираат системот и ќе изграделе паралелен систем преку нови избори.

Поврзани новости