Мицкоски го информирал Тимоние за „политичкиот прогон кој го спроведува власта“

by fokus 21:28
21:28

Актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата, се темите за кои разговарале претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

– Мицкоски на средбата информираше за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.Тој посочи дека таквото однесување на власта е далеку од европските вредности кон кои се стреми државата.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за се полошата економска ситуација во која се наоѓа земјава. Заради неспособноста на власта да обезбеди економски раст и катастрофалната реализација на капитални инвестиции граѓаните живеат се полошо, соопшти партијата.

- Advertisements -

Двајцата соговорници се осврнле и на реформските процеси важни за приклучување на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Мицкоски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ го подржува секој процес, доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес за граѓаните.

 

Поврзани новости