Николоски: Ќе формираме „Македонска платформа“ за зачувување на Македонија

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ рече дека ќе формираат „Македонска платформа“ која ќе има за цел зачувување на Република Македонија.

-Покрај политичката битка потребно е и една силна општествена битка од голем број на граѓани кои што и мислат добро на Република Македонија преку сите голем број на формални и неформални групи на здружување. Македонска платформа ќе значи еден нов вид на политичко обединување во Република Македонија која што нема да се стандардни познати коалиции помеѓу една голема и 20-тина помали политички партии, туку е една форма на обединување на сите слободномислечки индивидуи, формални групи во смисла на невладини организации или здруженија на граѓани, неформални групи во смисла збир на луѓе, кои што мислат добро на Република Македонија, со кои што не мора целосно да се слагаме за се, но имаме неколку јасни основни принципи и постулати, рече Николоски.

Поврзани новости