МВР го потврдува претепувањето на основачот на Репортер

by Фокус

Четириест и осумгодишниот Г.Н. сопственик на интернет порталот „Репортер“ синоќа околу 23 и 30 часот бил претепан пред својот дом, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 11.05.2016 година, околу 23,30 часот во Скопје на ул.„Симеон Кавракиров“ пред домот на Г.Н.(48) сопственик на интернет порталот „Репортер“, три маскирани лица без повод и причина физички го нападнале нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Г.Н. е пренесен и задржан во ГОБ„Наум Охридски“, а се преземаат мерки за откривање на сторителите – се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости