383
Зијадин Села, фронтмен на Алијансата за Албанците, бара распределба на работните места според етничка припадност.
– Ние ќе предложиме и правична распределба на работните места. На пример, во тетовската полиција да има вработено 80 проценти Албанци, а вака ќе биде во сите институции. Вработувањето по етничка линија ќе биде реализирано во зависност од тоа, колку во одреден регион живеат Албанци – изјави Села.
Тој додаде дека Албанците вработени според Рамковен договор кои седат дома и земаат плата се паразити.