БЕСА: Се зголемува населението, се намалуваат гласачите

by Фокус 20:32
20:32

Во општините населени со Албанци се забележува постојан пораст на населението, додека од друга страна има намалување на бројот на гласачи, a dд друга страна, општините населени само со Македонци бележат постојан пораст на смртноста, меѓутоа од друга страна се зголемува бројот на гласачи, изјави Блерим Сејдиу од БЕСА.

-Овие тенденции се целосно во спротивност не само со статистичките основни правила, но и со здравата логика. Се знае дека во општините населени со Албанци, поради високото ниво на наталитет, тоа се должи на поголемиот процент на млади луѓе во споредба со општините каде што процентот на наталитет е понизок, односно општини кои претежно се населени со Македонци. Затоа, логично е во секој нов изборен циклус да има и зголемување на бројот на гласачите во општините во кои има висока стапка на наталитет, во овој случај бројот на Албанските гласачи, поради тоа што голем број на млади луѓе наполнуваат 18 години и добиваат право на глас – рече Сејдиу.

- Advertisements -

Поврзани новости