Заев: Груевски моли за 63 пратеници да си ја спаси кожата

by Фокус

Никола Груевски моли за 63 пратеници за да си ја спаси својата кожа, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во Штип.

-Излезе на виделина дека УЧК управувала со државата како се употребува албанскиот јазик. Стана јасно зошто зборува за федерализација. Ама ќе има конфискација на имотот на Груевски и семејството – рече Заев.

Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да не се обидуваат да играат на националистички карти и да ја дестабилизираат земјата пред изборите.

Поврзани новости