Секој шести средношколец во Црна Гора е на седативи

by Fokus

Во Црна Гора, секој шести средношколец е на седативи    Околу 17 проценти од средношколците изјавиле дека користат лекови за намалување на стресот, опуштање на мускулите, напнатоста или за лекување на несоница од домашната аптека, меѓу кои ксалол, дијазепам и бенседин, додека 75,5 проценти од младите пробале алкохол, велат од „Јувентас“, пишува „Дан“.

Секој шести средношколец консумира лекови за смирување, ксалол, дијазепам и бенседин за да ги надмине училишните проблеми, стресот и насилството, покажало истражувањето на невладината организација „Јувентас“ во рамки на проектот „Со знаење до здравје“.

Истражувањето исто така покажа дека 38,1 средношколец биле изложени на стрес секојдневно или неколку пати во текот на неделата.

Учениците од прв, втор и трет клас посочуваат дека голем проблем е насилството од врсници, кое најчесто се случува во самата институција или во нејзина близина.

Поврзани новости