Две момчиња повредени откако со автомобил излетале од патот Кондово-Свиларе

by fokus

Вчера попладне две момчиња се здобиле со повреди, откако со својот автомобил излетале на патот Кондово-Свиларе и веднаш биле хоспитализирани во Градската болница „8-ми Септември“.

„На 04.09.2019 во 18.53 часот на локалниот пат с.Кондово-с.Свиларе, скопско, А.М.(19) од с.Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото.

Во незгодата сопатникот М.А.(18) од с.Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

Поврзани новости