Секој ден нова интерпелација, на мета министерот за животна средина

by fokus

Петта по ред интерпелација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе бараат разрешување на министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки поради, како што велат, негрижа и неодговорност во справувањето со пожарот и дивите депонии во Тетово и Куманово.

„Повеќе од три месеци граѓаните на Струга живеат во канцероген чад, граѓаните на Тетово и Куманово мака мачат со дивите депонии, додека една третина од територијата на Република Македонија е во пламен и се кратат средства од Буџетот за рехабилитација на деца кои биле жртви на загадувањата во нивните средини“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно интерпелација беше поднесена за министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министрите за надворешни работи и финансии, Никола Димитров и Драги Тевдовски.

Поврзани новости