Сефер Цаноски му нуди професорско место на Груевски на ФОН

by fokus

Газдата на ФОН, Сефер Цаноски, со доза на иронија вели дека ќе отвори ново професорско место на својот универзитет, наменето за квалификации какви што поседува новиот доктор на науки, Никола Груевски.

„Објавуваме конкурс за доц. доктор на економски науки по предметот: Руинирање, рушење и изживување врз домашните приватни и капитални инвестиции.
Кандидатите што имаат практично искуство со дополнителни инструменти како што се : тнт, челични топки и сл ќе имаат предност при вработувањето. Со почит ,
Универзитет #НемАправдАнемаМир“, напиша Цаноски на својот фејсбук профил откако Груевски ја одбрани докторската дисертација.

Според бомбите што ги објави опозицијата, Груевски и поранешниот министер, Миле Јанакиески, договараат рушење со динамит на комплексот Космос, во сопственост на таткото на Сефер, Фиат Цаноски.

 

Поврзани новости