Групна тепачка во Чаир, девет лица си размениле удари со тврди предмети

by Фокус

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера непосредно пред полноќ интервенирала поради нарушување на јавниот ред и мир на улицата “376‘ во скопската општина Чаир.

Притоа, полицијата ги затекнала А.М.(42), А.Љ.(37), С.В.(28) и А.Ф.(33) од една страна и Т.И.(45), К.И.(36). Б.Ш.(45), Б.И.(25) и С.Ш.(22) од друга страна, сите од Скопје.

„Лицата со тврди предмети си размениле по неколку удари при што се здобиле со видливи повреди“, стои во полицискиот билтен.

Поврзани новости