Поради кавга, му го пресекол патот и му ја скршил шофершајбната

by Фокус

Поради недоразбирање во сообраќајот, И.П.(47) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило Јагуар, вчера на Партизанска му го пресекол патот на патничко моторно возило Фиат Сеченто управувано од И.А.(47) од Скопје.

Според пријавата во полицијата, И.П. потоа излегол од возилото и му го скршил стаклото од вратата на другото возило и физички го нападнал И.А. по што го напуштил местото на настанот.

„И.П. по кратко време бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Поврзани новости