Седум лица загинаа денес во Појасот Газа при израелски бомбардирања, и покрај прекинот на огнот

by irena 21:54
21:54

Шест Палестинци, меѓу кои и две деца, загинаа во одделни воздушни напади во Кан Јунис и во градот Газа, соопштија тамошните медицински извори.

Бомбардирани беа шатори во кои престојуваат раселени лица јужно од Кан Јунис, а цел на напад беше и училиштето „Хаса Салама“ во градот Газа, пренесува агенцијата „Вафа“.

Едно лице загина кога беше погоден автомобил со цивили, при што беа повредени неколку луѓе.

Од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа во 2023 година, загинати се 73.110 Палестинци, а 173.599 се повредени.

Уништени се околу 90 отсто од инфраструктурата во Појасот Газа, а се проценува дека за обнова ќе бидат потребни околу 70 милијарди долари.

Во октомври 2025 година беше постигнато примирје, кое Израел не го почитува; оттогаш загинаа 1.084 лица, а 3.491 беа повредени. Во истиот период, од урнатините беа извлечени телата на 800 претходно загинати лица.

Се проценува дека под урнатините сè уште се наоѓаат околу 10.000 луѓе кои се водат како исчезнати.

Како последица на израелската агресија, раселени се два милиона луѓе, а најголем дел од нив се концентрирани во Рафа, град во близина на границата со Египет.

Слични вести