Мајка од Тексас осудена на 25 години затвор – бебето го остави само во вжештен автомобил

by irena 22:21
22:21

Мајка од Тексас е осудена на 25 години затвор бидејќи намерно го оставила своето бебе во автомобилот за време на жежок летен ден, а истрагата открила дека на пат кон болницата, каде што била констатирана смртта на детето, таа застанала во ресторан на „Мекдоналдс“.

Ванеса Ескивел (28) е прогласена за виновна за убиство од прв степен поради тоа што го оставила своето 15-месечно дете во автомобилот неколку часа на 16 август минатата година, додека била на работа во салон за масажа во Фриско, град на околу 40 километри северно од Далас.

Полицијата во Фриско тогаш соопшти дека таа „намерно“ го оставила детето во возилото иако „знаела“ дека автомобилот нема исправен клима-уред, додека надворешната температура изнесувала најмалку 35 степени Целзиусови.

„Деца на таа возраст никогаш не смеат да се оставаат без надзор во автомобил, особено во лето и особено во Тексас“, изјави главната обвинителка Ешли Вудал за списанието People по изрекувањето на пресудата.

„Ова се случува секоја година и тоа нè ужаснува. Поротата испраќа порака“, додаде таа.

Слични вести