Пет лекари од „Аџибадем-Систина“ и двајца од „Ремедика“ ќе се вклучат лекувањето на ковид-пациенти во јавното здравство, додека од клиниката „Жан Митрев“ нема да партиципираат бидејќи имале голем број на лекари на боледување, соопшти Министерот за здрасвтво, Венко Филипче.
Тој соопшти дека оваа недела ќе поразговара со претставници на приватните болници околу цените за лекување кои, според граѓаните, се многу високи.
Според Филипче, сите пациенти кои одат во приватните болници, тоа го прават по своја волја. Во државните здравствени установи и на клиниките се лекуваат сите кои имаат итни состојби, малигни болести и оние на кои им е потребна здравствена нега, и тоа сосема доволно и добро се прави. Се одложуваат само случаите кај кои тоа нема да предизвика влошување на здравствена состојба.
-Оваа недела ќе поразговараме за цените, но тоа се цени кои ги детерминираат самите приватни болници и тоа така било отсекогаш. Никој од пациентите не е дивертиран да оди и да бара здравствена услуга за ниту една специјалност во приватните болници. Тоа не се случило. Кај нас може да се добие здравствена нега за која било патологија во сите градски болници во Скопје и во болниците низ државата. Сите пациенти кои се лекуваат во прватните болници, тоа го прават како и претходно, за друга патологија, по своја волја и ние тука нема можеме да ја спречиме волјата на пациентите да се лекуваат во приватни болници, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која беа најавени нови рестриктивни мерки.