497
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ја објави седмата „бомба“. На прес конференцијата, која е во тек, Заев истакна дека граѓаните ќе слушнат разговори, кои според него, докажуваат изборни нерегуларности.
-Ќе слушнете како како оваа група на власт ги мести и краде изборите. Ќе слушнете како се фалсификувани лични карти за гласење, ќе слушнете за гласачите од Пустец, а и за тоа како некој граѓани гласаат по неколку пати, најави Заев.
Тој додаде дека владејачката гарнитура ги користела сите државни институции и употребувале незаконски механизми за добивање на изборите.