Сеад Кочан во моментот е пак на Кардиологија, чека дополнителни испитувања

by Fokus

Бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“ од СЈО во моментот е повторно на скопската Клиника за кардиологија, каде чека да му бидат направени дополнителни испитувања, дознава „Фокус“ од извори во болницата.

Според нашите информации, Кочан чека да му биде извршена коронграфија на срце, откако пред два дена завршил на клиниката во прединфарктна состојба. Според тврдењата на лекарите, бизнисменот бил донесен во лоша здравствена состојба и како што дознавме му бил вграден стент.

„Фокус“ се потруди повторно да стапи во контакт со директорот на Кардиологија, Сашко Кедев, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

Кочан веќе два месеци беше на „службен пат“, односно бегство, откако претходно му беше одреден притвор, Кривичниот совет, составен од судијките Моника Бахчовановска, Љубинка Башевска и Весна Костова Спасеска ќе одлучуваат дали тој ќе оди во притвор, откако Врховниот суд во петокот ги укина решенијата на кривичниот совет и Апелациониот суд според кои Кочан требаше да биде во притвор.

И.М.

 

Поврзани новости