Се зголемува старосната граница за полагање на возачки испит и за право на возење

by Фокус

Зголемувањето на возраста од 16 на 17 години, предвидуваат измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предложени од страна на СДСМ.

Со предлог-законот се предлага бришење на критериумот децата да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи, според предлог-законот, тоа не е критериум за полагање возачки испит и претставува дискриминација.

Воедно, се предлага на лицата над 70 години да им се издава возачка дозвола со важност од три години, а не тоа да се прави на лицата постари од 65 години, како што беше досега.

Поврзани новости