Воздухот енормно загаден, се чека ветар да го расчисти

by Фокус

Мерните станици на Министерството за животна средина утрово измени високи концентрации на штетните ПМ10 честички во воздухот, кои се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош и дури 230 во Лисиче.

Според мерењата во Скопје, воздуот е загаден од 6-ти овој месец, откога концентрациите на ПМ10 честичките се над дозволените 50 микрограми на метар кубен, достигнувајќи вредности од 200 микрограми до над 600 микрограми.

Според метеоролозите, за попладне е најавен засилен јужен ветер кој може да доведе до расчистување.

Градските власти во насока на намалување на загадувањето во изминатиот период спроведоа акција за чистење во Скопје и воведоа забрана за движење на возилата на Водно за време на викенд.

Поврзани новости