Алијансата за позитивна Македонија се преименува во ПОЕН

by Фокус 10:49
10:49

Алијансата за позитивна Македонија донесе одлука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок или скратено ПОЕН и воедно да започне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка.

Како што соопштија од партијата предводена од Рубин Земон, на седница на Главниот одбор оддржана во Ресен за нов претседател на Главниот одбор е избран Димитар Илиевски и се направила мала реконструкција на Извршниот одбор, кој сега го сочинуваат: Земон, Илиевски, Антонио Секуловски, Никола Шалваринов, Ирена Оровчанец, Симона Јосифовска, Мирослав Анастасов, Ѓорѓи Ивановски, Дијана Марковиќ, Благоја Костовски, Џевдет Халими, Медо Балиќ.

- Advertisements -

Инаку, оваа партија, која сега е дел од владината коалиција на СДСМ, беше формирана во пресрет на парламентарните избори во 2014 година, кога под водство на Љупчо Зиков освои само десетина илјади гласови, по што Зиков ја напушти партијата им се врати на медиумите.

 

Поврзани новости