Се зголемува интересот за вакцинација во Македонија

by Fokus

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата, како што се посочува, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74076 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 7963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92253 граѓани. Со последните бројки 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Поврзани новости