Бишевац: Ако Заев требаше да биде ист како Никола Груевски, тогаш зошто го менувавме Груевски?

by Fokus

Поранешниот пратеник и новинар, Сафет Бишевац, не штедеше на критики кон владејачката СДСМ во гостувањето во Студио 10 на ТВВ 24.

Тој смета дека власта многу потфрли при бегството на екс-премиерот Никола Груевски, кој во 2018 година како азилант пребега во Унгарија.

„Го паметите случајот со Диме Спасов. Јас не велам дека СДСМ и Заев се виновни за тоа што тој бегаше од полицијата, но носат одговорност зошто за тоа нема правна разрешница. Груевски им избегна преку ноќ. Тоа не смееше да си го дозволат. Ако требаше Заев да биде ист како Никола Груевски, зошто го менувавме Груевски? Нема никаква разлика“, вели Бишевац.

Поврзани новости