На инфективните одделенија се лекуваат 926 пациенти со Ковид-19

by Fokus

Вкупно 926 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 800 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Поврзани новости