Се запали „голф“ на ГП Богородица

by Fokus

Вчера попладне на ГП Богородица се запалил „голф“ со штипски регистарски таблици, а двете лица кои биле во возилото минале без повреди.

„На 27.07.2019 во 16,05 часот на Граничен премин Богородица, на влез во Република Северна Македонија се запалило патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки. Возилото било управувано од К. Д. (65), а сопатник била неговата сопруга К. Д. (71)., кои не се повредени. Извршен е увид“, велат од МВР.

Поврзани новости