Се вжештува атмосферата во Тирана, Баша го нарече Рама „балканскиот Мадуро“

by Фокус

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, во денешното обраќање пред насобранте приврзаници на опозицијата, кои дојдоа пред седиштето на полицијата во Тирана за да побараат ослободување на притворените на синоќешниот протест, порача дека „деновите на криминалната хунта на Еди Рама се избројани”.

-Сценариото со насилство синоќа со криминалци облечени во униформа во толпата мирни демонстранти беше во служба на Еди Рама – „балканскиот Мадуро”, единствениот човек кој е заинтересиран за насилство и утревечер ќе добие целосен одговор од обединетите Албанци. Апсењето на Долапи (органзациски секретар на демократите) е мафијашка порака за заплашување на Албанците, но одговор ќе добијат утре. Ниту еден од нашите ќерки и синови нема да остане во канџите на заробените институции кои делуваат според политички наредби. Ние ќе ги ослободиме. Часовите на криминалната хунта и на „балканскиот Мадуро” им се избројани – порача Баша.

На вчерашниот четврти по ред „национален протест”, беа повредени десетина полицајци и беа приведени стотина демонстранти.

Поврзани новости