778
Во тек е идентификација на сите учесници на Струшката литија кои ја прекршиле мерката за забрана за групирање на повеќе од двајца луѓе, информираше премиерот Оливер Спасовски.
-МВР не информираше дека тече постапка на идентификација на сите учесници кои ги прекршиле мерките за забрана за групирање на повеќе од двајца луѓе. Тоа не само што е неодговорно однесување, туку има и кривично правни последици. Тоа ќе важи за секој еден собир додека трае забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе, рече Спасовски.