Се уште се објавуваат вулгарни постови на фан страницата на Централен регистар

by fokus

На фан страницата на Централниот регистар се уште се објавуваат вулгарни постови, откако викендов институцијата соопшти дека фан страницата е хакирана и дека се сомневаат дека ваквите објави ги пишува Емил Јакимовски, кој беше вработен во Централен регистар и доби отказ по заканите кон двете новинарки Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски во изјава за Фокус вели дека Јакимовски за жал се уште е амдминстратор на фан страницата и дека неговите привилегии треба да му ги одземе Фејсбук. Тие пријавиле во МВР и моментално Секторот за компјутерски криминал при МВР контактирале со Фејсбук за Јакимовски да не може да објавува на фан страницата.

Институцијата се огради од она што се објавува фан страницата на Централен регистар. Новинарката Мери Јордановска објави дека Јакимовски, кој е вработен во Централен регистар и се заканувал и испраќал вулгарни пораки. Потоа и Централниот регистар обелодени дека Јакимовски се заканувал и на вработени и на директорката и на новинарката Искра Коровешвска. Јакимовски доби отказ од Централен и беше повикан на распит во полициска станица.

Поврзани новости