Се уште нема договор за специјалниот јавен обвинител, преговорите продолжуваат

by Фокус 11:01
11:01

Се уште нема договор околу прашањето за избор на специјален јавен обвинител, при што преговорите на работната група во спроведувањето на договорот од Пржино продолжуваат и во наредните неколку денови.

По вчерашната средба, која како што се јавува, траела до доцна по полноќ и немало договор околу прашањето за специјалниот јавен обвинител. За денеска е договорена нова средба.

- Advertisements -

Белгискиот експерт Питер Ван Хауте кој го олеснува барањето на решениј,  во петокот рече дека дека преговорите се соочуваат со сериозни проблеми, односно дека не се почитува дадениот збор. Според договореното специјалниот јавен обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, односно до вторник.

Поврзани новости