Ахмети предлага осум заменици на специјалниот обвинител, од кои тројца Албанци

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Коха“ вели дека специјалниот обвинител ќе биде избран до вторник, како што  договорено, и предлага осум заменици-обвинители во неговиот тим од кои тројца Албанци.

– Од првиот ден изразивме подготвеност да се презентираат потенцијалните кандидати за оваа важна позиција и тоа веќе го направивме и официјално, без оглед на конечното решение кое треба да биде постигнато со консензус меѓу четирите политички партии и меѓународната заедница – вели Ахмети, пренесе АлсатМ.

Во врска со корупцискиот случај со „Маѓар Телеком“ во кој се споменуваат тој и негови најблиски соработници, Ахмети вели дека тоа е клевета која треба да и наштети на ДУИ во пресрет на изборите следната година.

Поврзани новости