Се урна зграда во северен Ирак, има загинати и повредени

by Fokus

Зграда во изградба се урна во Мосул, северен Ирак, при што загинаа најмалку три лица.

Девет лица се повредени и пренесени во болница, соопшти денеска полицијата од областа Ниневија. Несреќата се случила додека работниците ставале цемент на покривот, пренесува АП.

Голем дел од Мосул беше уништен во 2017 година во битките со силите на Исламската држава кои траеја со месеци. Ирачките сили потоа извојуваа победа што беше и конечен пораз на Исламска држава во јули 2017 година.

Поврзани новости