360
Руски воен авион денеска се урна во станбена зграда во сибирскиот град Иркутск, соопштија регионалните власти.
Според локални медиуми, две лица загинале. Гувернерот на Иркутск Игор Кобзев изјави дека авионот паднал врз двокатна зграда.
Локалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека борбен авион Су-30 се урнал за време на вежба и удрил во двокатна дрвена зграда, предизвикувајќи пожар.
Пред помалку од една недела, друг руски воен авион се урна во близина на станбена зграда во пристаништето Јејск на Азовското Море и експлодираше, при што загинаа 15 лица, а 19 други беа повредени.