Се урна мост на автопат во Кина, четири лица загинаа

by fokus

Четири лица загинаа при уривање на дел од мост во градот Ежоу, во кинеската провинција Хубеи.

Мостот се урна над автопатот, при што три камиони пропаднале и под себе згмечиле едно возило.

Во тек е истрага за инцидентот, а за време на несреќата се изведувале работи на мостот.

Поврзани новости