699
42-годишниот Македонец, Лазо Павлев, се води како исчезнат во Белград и се бараат било какви инфорамции за негово наоѓање. Павлев бил последен пат забележан на 25 септември, од кога му се губи секаква трага.
Неговото исчезнување е објавен во Регистарот на исчезнати лица, со објаснување дека престојувал во стан во населбата Дорчол.
Околностите околу неговото исчезнување за сега се непознати, а во апелот за помош е објавено дека е висок 180 сантиметри, дека е тежок 120 килограми, дека има светло кафена коса и плави очи.