Се трага по исчезната Албанка и нејзината четиригодишна ќерка

by Fokus

Дваесет и шестгодишна Албанка заедно со нејзината ќерка исчезнале пред два дена, информираа од МВР. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот сопруг.

Според полицијата, вчера во 17.30 часот во Полициското одделение Галате, М.М. (29) од с.Врањеовце пријавил дека на 20.02.2018 година во периодот од 18.00 до 23.00 часот, од семејната куќа во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Л.М. (26) од Република Албанија. Таа ја земала нивната четиригодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости