Приведена косовка која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош

by Fokus

Косовка се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа. Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р.

Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Поврзани новости