Се разгоре и во Липковско – во близина има борова шума

by fokus

Попладнево избувнал пожар во Липковско, на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, линијата на огнот е подолга од 300 метри.

Во близина има борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информираат од ЦУК.

Поврзани новости